Три медиумски кампањи на проектот „Јасно и гласно!“
Објавено: 31 декември, 2025, во 11:46 часот
За време на реализацијата на проектот се креираа и спроведоа 3 (три) кампањи на социјалниот медиум Фејсбук преку споделување на (9) банери со пораки за застапување и подигање на свеста на новинарите за пријавување на напади, тужби и СЛАПП тужби како и прекршени права, закани, уцени, дискредитации и јавен линч на социјални мрежи.
Исто така кампањите влијаеја на подигање на јавната свест на бизнис заедницата, локалните институции ( полиција, јавни обвинителства, судови) за заштита на новинарите/ките и медиумските работници/чки од тужби, СЛАПП тужби, навреди, клевети, дискредитации и јавен линч од страна на граѓани, функционери, политичари и поддржувачи на политички партии.
Прва кампања составена од три банери:



Втората кампања се состоеше од подготовка и бустирање на фејсбук од следните три банери:



Третата кампања се состоеше од креирање, споделување како и бустирање на следните три банери:



Објавените пораки на банерите произлегоа од заклучоците на обуките и по одржаните дебати со претставниците на локалните институции. Реализацијата на проектот овозможи мотивација и охрабрување на новинарите/ките и медиумските работници/чки како и на поткастерите за вмрежување и соработка како форма за одбрана од закани, навреди, јавен линч, тужби и СЛАПП тужби.
Стефани Манева
Трите медиумски кампањи се дел од проектот „Гласно и јасно!“ спроведуван од Регионален веб портал Дума.мк како дел од Програмата за поддршка на граѓански и медиумски организации на „SafeJournalists Network” финансиран од Европската унија.

