Афоризми на Коки за оваа седмица
Објавено на 10 октомври, 2022 во 10:29
Втората недела од октомври започнете ја со насмевка. Велешкиот афористичар Коки и овој понеделник одвои шест нови афоризми за читателите на Дума.мк. Уживајте:
-Љубовта кон иста жена разделила многу пријатели.
-Работникот не се жали затоа што работи како коњ, туку затоа што работодавачот се обидува да го јава.
-Постојат и стабилни бракови, во нив брачните двојки воопшто не мрдаат.
-На земјината топка не и тежи толку пренаселеноста, колку што и тежи огромната бројка на „тешки“ луѓе.
-Волшебниот триаголник не е сигурен знак дека мажот секогаш има прединство.
-Нашево секојдневие е мошне монотоно, освен цените ништо друго не се менува.
Афористичар
Никола Бошков – Коки