“Бескомпромисен стенд-ап” во изведба на Семир Гициќ утревечер во Амфитеатар во Велес

Велешани ќе имаат можност да уживаат во најпопуларната монокомедија „Бескомпромисен стенд-ап” во изведба на српскиот актер и драматург Семир Гициќ утревечер во Амфитеатар на Младински парк. Овој стенд ап е изведен повеќе од 100 пати низ Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и за прв пат доаѓа во нашиот град. Настанот е дел од манифестацијата Велешко лето којашто локалната самоуправа ја организира за прв пат годинава.
-Автентичниот израз и чист хумор на Семир ќе ни ги прикаже малите работи коишто не врзуваат, животните ситуации и предрасуди во кои секојдневно живее малиот човек. Со оваа комедија Семир ги наполни најголемите сали на поранешна Југославија, што се должи на неговите сегашни телевизиски улоги, популарноста на социјалните мрежи, но и поради неговиот специфичен израз, соопштија од организацијата на Велешко лето 2024.
Премиерата во Велес на овој стенд ап е закажан за утре, 25 јули со почеток во 21:00 часот.
Стефани Манева
