Благој Ламњов во недела на јутуб ќе го објави целосно својот прв концерт одржан во Велес
Објавено на 1 август, 2024 во 10:21
Велешанецот Благој Ламњов годинава за прв пат одржа свој концерт во својот роден град. Тој на 3 јуни, на големата сцена во велешкиот театар со својот кларинет им приреди вистинско уживање на сите граѓани кои навремено купиле карти и целосно го исполнија капациетот.
По тој повод, Ламњов одлучи првиот концерт целосно да го објави на платформата јутуб со што секој негов сограѓанин кој сакал да биде дел од концертот но не успеал, да има можност да го слуша кога и да посака.
Концертот ќе биде објавен во недела, на 4 август, во 16:00 часот.
Во продолжение погледнете ја видео најавата:
Стефани Манева