Граѓански фото објектив – Велес во новогодишна атмосфера
Објавено на 2 јануари, 2024 во 09:32
Велешанецот Атанас Крлевски испрати четири негови фотографии направени изминатата недела. Тој преку нив Ви ја претставува новогодишната атмосфера во градот за време на хепенингот во Младински Парк. Крлевски упати и честитки до сите читатели на Дума.мк.
„Среќна нова 2024 година на сите читатели на Дума.мк. Бидете здрави и живи и само убави моменти во новата година.“
Дума.мк ги поканува граѓаните од Велес, Свети Николе, Чашка, Градско, Росоман, Кавадарци, Неготино и Демир Капија да станат граѓански соработници на порталот со цел да ги овековечиме убавините на вашите градови и на Македонија.
Вашите фотографии испратете ни ги на нашата е-мајл адреса [email protected].
Дума.мк