Иван Чаповски го повлекува својот роман кандидиран за „Рациново признание“!

Објавено на 24 мај, 2013 во 14:29

Поради тоа што е незадоволен од некој членови кои влегле во составот на жири комисијата за доделување на наградата „Рациново признание“ писателот Иван Чаповски го повлекува својот роман „Лазаровата ѕвезда над Њујорк“ од листата на кандидати за престижната награда.

Чаповски вели дека пред неколку дена дознал дека неговата најнова книга била конкурирана од издавачот „Силсонс“ а за одлуката да ја повлече од предложените за награда пресудно било тоа што не се слага со дел од избраните членови на комисијата бидејќи тие делеле награди на пријатели и познаници.
– За жал, на 50-годишнината од постоењето на „Рациновите средби“, на кои пред повеќе години ја добив наградата за романот „Магла“, морам да кажам дека причината за повлекувањето на моето дело е непочитување на големото име на Рацин, стожерот на современата македонска поезија, со тоа што се именуваат личности за членови на жири, како што Милан Ѓурчинов, кој речиси со децении ја играше улогата на егзекутор. Тој ги делеше наградите како од ракав на свои пријатели или познајници, а другите дела без оглед на нивната вредност не ги ни читаше,“ -рече Чаповски во изјава за Дневник.

Тој прашува до кога во македонската литература, односно во македонската културна средина, ќе се случуваат немили случки поврзани со наградите.

Академик Ѓурчинов не ја оправдува постапката на Чаповски.
– Тоа не е играчка, има некој правилник. Пред да почне работата на жирито, имате можност својата книга да ја исклучите, но кога ќе почнеме да работиме, не може да се исклучи – рече Ѓурчинов.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.