Масимо Савиќ: Најубава е македонската изворна музика а „Елено ќерко“ е мојата омилена песна

Објавено: 15 септември, 2013, во 19:02 часот

Ви ветувам дека ќе почнам да учам и македонски, им рече на новинарите, Масимо Савиќ откако не се снајде баш најдобро со зборот „првпат“ во прашањето дали ова му е прво гостување во Кавадарци. Потоа потврди дека во највинскиот град во Македонија е првпат и е задоволен од концертот поради тоа што публиката не ги заборавила неговите најголеми хитови од времето кога беше дел од групата Дориан Греј и вонвременската „Странац у ноќи“ од периодот на соло кариерата.

– Да, во Кавадарци сум првпат. Порано, во осумдесеттите бев често во Македонија, заедно со групата Дориан Греј  бидејки тапанарот, Драгче Симоновски беше од Штип и во тој македонски град постоеше еден прекрасен фестивал на млади музичари но, за жал тоа пропадна откако братот на Драгче престана да го организира. Во Кавадарци сум првпат и сум изненаден од количината на добрата енергија. Слушам дека овде кај Вас невработеноста е се помала и помала, се отвораат фабрики, потребно е луѓето да имаат егзистенционална сигурност за да обрнат внимание на естетиката која ја нуди музиката. Кога човек нема што да јаде тогаш не е точна тезата на Ерик Клептон во која вели: “Mораш да бидеш гладен за да добиеш суров блуз“. Јас велам мораш да се чувствуваш добро за добро да музицираш а состојбата во која се наоѓаш да е економски стабилна за да се занимаваш со музика. Така и за публиката, ќе има време да слуша добра музика ако и е добро, ако не мора да избира дали парите за плин ќе ги даде за влезницата за мојот концерт . Јас сакам да дојдам во средина која се буди, која просперира и тоа го почувствував во Кавадарци. Бев во Стоби, во винаријата која изгледа како свемирски брод, тоа ретко се гледа во светот и мислам дека имате со што да се пофалите, рече Савиќ.

Тој се пошегува, рече дека има 51 година и соопшти дека за неговиот добар изглед значајни се јогата и џогирањето.Не пропушти да додаде дека „младоста ја одржува“ со настапи и концерти. Савиќ ги раскажа згодите и незготите со новинарите кои не сакале да поверуваат во неговите приоритети со кои го одржува младешкиот изглед и ведриот дух. На прашањето има ли најомилени песни од сите досега создадени ги издвои  „Сја у тами“ и “Сузе нам стале на пут“. Втората се наоѓа на послениот носач на звук.

– Првата и последната. Вечерва не ја изведов втората, “Сузе нам стале на пут“  бидејќи проценив дека треба да помине време за да дојде хитот до Кавадарци. Јас живеам во Загреб од каде Кавадарци е прилично оддалечен. И дадов време на публиката да може да ја слуша, секогаш правам така. Скопје е друга средина, друга ситуација подобро го познаваат моето музицирање, Белград е уште поблизу до Загреб тоа е сосема друга приказна. Залудно би било кога туку така би се фрлиле бисери, да отсфириш добра песна а публиката да не знае за што се работи. Ќе оставам малку време за тие песни да ферментираат како добро вино.

Савиќ е пасиониран вљубеник во пивото а кога е во прашање виното тој обожува Шардоне.

– Фантастично е, денеска ме понудија со Шардоне и секако знам дека бев послужен со најквалитетниот производ. Немам зборови, одлично беше, рече Савиќ.

На прашањето што го одржа меѓу најдобрите вокални интерпретатори на бившите Ју простори во изминатите 3 децении одговори дека сепак тоа се помалку години поради прекинот што го имал за време на војната во поранешна Југославија.

– Во 90-те години јас прекинав да работам и мислев дека никогаш повеќе нема да се бавам со музика. Мене ми беше несватливо како луѓето можат да одземаат човечки животи. Јас неможам да преживеам смрт на животно а не на луѓе. Не можев да смислам да работам додека  беше војната и луѓе гинеа во Вуковар или Сараево. Отворив ресторан и така до 2001 година кога се заврши. Знаете околу себе имам одлична екипа која ме почитува а јас имам потреба да работам и создавам. Никогаш не сум пеел песни на други автори, никогаш не сум дал ниту евро, јас имам среќа што секогаш ми приоѓаат добри луѓе, квалитетни и тоа е тоа, со нив работам. Моето мото е ако некому му е кеиф да работи со мене и јас ке работам со него. Работам со двајца изузетни Македонци во бендот. Ќе кажам уште ова. Најубава е македонската изворна песна и изведбата со Гаро на „Елено ќерко“ е мојата омилена македонска песна, рече Савиќ по концертот во Кавадарци./Б.Н.Т

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.