„Последниот вампир“ нова претстава на театарот од Кавадарци
Објавено на 16 јули, 2014 во 13:22
Нова премиера на кавадаречкиот театар ќе се случи утревечер во салата на Домот на културата „Иван Мазов-Климе“.
Во претставата „Последниот вампир“ работена по текст на Дејан Дуковски, а во режија и адаптација на Александар Малинков ќе ги гледаме Диме Коцевски, Видан Станоев, Милица Гоичевска, Александар Малинков, Коле Колев, Валентирна Ѓорѓиева и Костадин Прокопов. Изборот на музика е на Марјан Тодоровски.
Подготовките за втората театарска претстава оваа година, која е целосен проект на кавадаречкиот театар привршуваат. Се доработуваат последните финеси, и се поставува сценографијата, за се се да биде подготвено за премиерното издание на „Последниот вампир“ кое е закажано за утре со почеток од 20 часот./А.Д