„Последниот вампир“ нова претстава на театарот од Кавадарци

Објавено: 16 јули, 2014, во 13:22 часот

Нова премиера на кавадаречкиот театар ќе се случи утревечер во салата на Домот на културата „Иван Мазов-Климе“.

Во претставата „Последниот вампир“ работена по текст на Дејан Дуковски, а во режија и адаптација на Александар Малинков ќе ги гледаме Диме Коцевски, Видан Станоев, Милица Гоичевска, Александар Малинков, Коле Колев, Валентирна Ѓорѓиева и Костадин Прокопов. Изборот на музика е на Марјан Тодоровски.

 

Подготовките за втората театарска претстава оваа година,  која е целосен проект на кавадаречкиот театар привршуваат. Се доработуваат последните финеси, и се поставува сценографијата, за се се да биде подготвено за премиерното издание на „Последниот вампир“ кое е закажано за утре со почеток од  20 часот./А.Д

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.