Поетско музичка манифестација “За жената со почит“ во Домот на културата “Иван Мазов – Климе“ во Кавадарци
Објавено: 27 февруари, 2020, во 08:36 часот

На поетско музичката манифестација “За жената со почит“ посветена на празникот “8 Март“ ќе учествуваат млади актери од Театарот при Домот на културата “Иван Мазов – Климе“ под менторство на Микица Илова и ученици од ОМБУ “Лазо Мицев Рале“ од класата на професорката Весна Павлова.
Манифестацијата ќе се одржи на 3 март 2020, со почеток од 19 часот, во Галеријата при Домот на културата “Иван Мазов – Климе“ Кавадарци.
Влезот е слободен. /У.Ј

