Нова македонска музичка надеж е хармоникашот и интерпретатор Мартин Милошевски
Младиот талентиран хармоникаш и пеач, Мартин Милошевски од село Ореше во Општина Чашка го издаде својот прв албум со наслов „Остварен сон“. Осумнаесет годишното момче е ученик во средното музичко училиште „Тоше Проески“ во Битола. Милошевски е талентиран музичар и ученик во класата на маестро Кирил Стојчевски кој е најзаслужен за успесите на Милошевски.
Во првиот албум на Милошевски се наоѓаат осум музички творби од кои четири се ора со наслов „Томево оро“, „Разиграна 9-ка“, „Циганчица“ и „Двојка“. Насловите на четирите народни песни пак се „Писмо пратив“, „Излези Маре“, „Мое Ореше“ и „Вечна љубов“.
Милошевски сними и спот за песната „Мое Ореше“ што може да го погледнете во продолжение додека во план е да сними и видео записи за останатите песни.
Стефани Манева