Нова премиера во велешкото кино „Киноверзум“
На филмското платно во велешкото кино неделава може да ги гледате филмовите „Опасно Патување“, „Индијана Џонс И Артефактот На Судбината“, „Девојка За Сè“ и за најмалите „Елементи“, но меѓу нив и премиерно „Невозможна Мисија: Одмазда Прв Дел“.
Денеска, 7 јули, со почеток во 19:00 часот ќе биде прикажан филмот „Опасно патување“ а два часа подоцна, ќе може да го гледате, поточно во 21:00 часот, „Индијана Џонс И Артефактот На Судбината“. Во сабота, 8 јули, со почеток во 18:00 часот ќе биде прикажуван филмот за најмладите „Елементи“, а потоа во 20:00 часот, премиеро филмот „Невозможна Мисија: Одмазда Прв Дел“. Викендот ќе заврши со филмот „Опасно Патување“ којшто ќе се прикажува во недела од 18:00 часот и „Невозможна Мисија: Одмазда Прв Дел“ во 20:00 часот.
Понеделникот, 10 јули, резервиран е за филмот „Невозможна Мисија: Одмазда Прв Дел“ со почеток во 20:00 часот, а во вторник, на 11 јули, на филмското платно ќе бидат прикажани два филма, поточно, „Опасно Патување“ во 19:00 и „Невозможна Мисија: Одмазда Прв Дел“ во 21:00 часот.
Во среда во 20:00 часот салата е резервирана за филмот „Невозможна Мисија: Одмазда Прв Дел“.
Филмската недела започнува во четврток, а завршува во среда и истиот ден се објавуваат термините за следната филмска недела.
Стефани Манева