Нови афоризми на Коки со порака: „пред Божиќ и зад Божиќ, кај и да сте – дома да сте“!

Објавено на 3 јануари, 2023 во 12:08

„Откако влеговме во новата 2023 година, добро се најадовме и напивме, најголем дел од нас во домашна атмосфера па и тие кои што убаво се развеселија по хотелите и рестораните сега добро да се спремиме и за одбележувањето на Божиќ. Драги мои моите поздрави за претстојниот празник се искрени иако во афоризмите ќе препознаете и доза на сексипилност. Читајте и смејте се и пред и по Божиќ. И не заборавајте „пред Божиќ и после Божиќ кај и да сте – дома да сте“, Ви пишува афористичарот Никола Бошков Коки.

Епа ајде сите да читаме и да се смееме со шесте нови афоризми на Коки:

-Од сите освојувачи, само освојувачите на жени ја губат слободата.

-Јас воопшто немам причина постојано да ја следам телевизиската најава на временската прогноза: Жена ми секојдневно ведри и облачи.

-Штом немате рогови, значи дека не сте доволно информирани.

-Сопругата на мојот сосед не се лути зoшто тој често пати се враќа дома пијан, туку што не се враќа дома кога е трезен.

-Таа немаше желба на село да ја обработува земјата, па појде в град да ја обработуваат градските мангупи.

-Многумина мачо-авантуристи кои во минатото неуморно крстареа по немирните брачни води, сега во домашните пристаништа седат хаварисани, со скршен јарбол.

Афористичар

Никола Бошков – Коки

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.