Понеделничен афористички поздрав од Коки
Објавено на 7 ноември, 2022 во 10:56
Вредниот и мотивиран велешанец создаде нови шест афоризми што Ви ги пренесуваме со цел работната недела да Ви започне со насмевка.
-Заради зголемениот интерес за нејзино „МЛАТЕЊЕ“, неопходно е потребен итен увоз на ПРАЗНА СЛАМА.
-Какво ѓубре ви е мажот, во бракот треба се да ви цути.
-Ако од седиштата на политичките партии се отстранат сите дилетанти, постои оправдано стравување дека многу простории ќе останат празни.
-Убавите секретарки не можат да го зголемат производството, ама…можат да го зголемат бодот.
-Кога некој брак е на проба, секогаш се појавуваат многу дегустатори.
-Мажите се како фудбалските екипи, многу им е помил бодот отстрана, отколку трите на домашен терен.
Афористичар
Никола Бошков – Коки