Предновогодишни афоризми на велешкиот афористичар „Коки“

Објавено на 27 декември, 2021 во 16:08

Шест нови афоризми од велешанецот Никола Бошков – „Коки“ кои вашиот ден за момент ќе го направат позабавен. Честити и среќни новогодишни и божиќни празници!

-Животот знае да биде мошне непредвидлив и суров: ќе се ожените со ангел,а потем ќе сфатите дека живеете во пеколот.

-Би било добро кога сообраќајната полиција наместо возачката дозвола,на жените да им го одзема изводот од матичната книга на венчаните.

-Волшебната бројка во животот е бројката ДВА: или треба  да се дигнат два прста,или…две нозе.

-Триумфалната порта во љубовта е толку повредна, колку помалку освојувачи минуваат низ неа.

-Законите на љубовта несомнено ги пишувале жени,штом мажите постојано се обидуваат во нив да најдат дупки.

-На еден неук политичар му покажавме како се повлекуваат шаховските фигури, ни преостана уште да го научиме како да мисли.

Афористичар

Никола Бошков – Коки

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.