Предновогодишни афоризми на велешкиот афористичар „Коки“
Шест нови афоризми од велешанецот Никола Бошков – „Коки“ кои вашиот ден за момент ќе го направат позабавен. Честити и среќни новогодишни и божиќни празници!
-Животот знае да биде мошне непредвидлив и суров: ќе се ожените со ангел,а потем ќе сфатите дека живеете во пеколот.
-Би било добро кога сообраќајната полиција наместо возачката дозвола,на жените да им го одзема изводот од матичната книга на венчаните.
-Волшебната бројка во животот е бројката ДВА: или треба да се дигнат два прста,или…две нозе.
-Триумфалната порта во љубовта е толку повредна, колку помалку освојувачи минуваат низ неа.
-Законите на љубовта несомнено ги пишувале жени,штом мажите постојано се обидуваат во нив да најдат дупки.
-На еден неук политичар му покажавме како се повлекуваат шаховските фигури, ни преостана уште да го научиме како да мисли.
Афористичар
Никола Бошков – Коки