Промоција на добитничката и наградениот „Роман на годината“ за 2024-та, во Кавадарци

Објавено на 9 јуни, 2025 во 12:23

По иницијатива на неформалната група уметници „Сокол Арт“ и во коорганизација со Домот на културата „Иван Мазов – Климе“ Кавадарци, во Галеријата на Дом на култура Кавадарци ќе се оддржи промоција на добитникот на престижната награда „Роман на годината“ за 2024 година.

Наградата ја доделува Фондацијата “Славко Јаневски“ и по шести пат доаѓа во Кавадарци веднаш по официјалното доделување на истата во Скопје. Добитник на наградата „Роман на годината“ за 2024 е писателката Калина Малеска за романот „Светот што го избрав“.

Романот во моментот е извонредно читан и ќе може да се набави на промоцијата во Кавадарци, секако со посвета на авторката која ќе биде присутна на самата промоција.

Разговорот со неа ќе биде драгоцено искуство за сите љубители на врвната литература.

Инаку романот е во издание на издавачката куќа „Или – Или“ Скопје, чие издание по шести пат ја добива наградата „Роман на годината“.

„Од се срце Ве покануваме на литературна дружба, на еден редок и исклучителен настан. Се гледаме во среда, на 11 јуни, во 13:00 часот, во Дом на култура „Иван Мазов – Климе“ во Кавадарци,“ порачаа организаторите.

 Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.