Шест најнови афоризми на велешкиот афористичар Никола Бошковски Коки
Афористичарот Никола Бошковски – Коки и овој понеделник ви ги става на располагање своите најнови афоризми. Коки веќе отпечати поголем дел од творештвото во Збирка што ја издаде пред неполн месец. Афоризмите што ги создава сега, прво ги читате вие.
Прочитајте и имајте весела, духовита работна или недела на одмор.
„Со сопругата живееме во среќен брак,комшиите ни се пензионери.“
„Можеби некои политичари заслужуваат да им симнам капа,но на овие летни горештини не чувствувам потреба да одам гологлав.“
„Сите мажи се исти,рекоа жените,и продолжија да ги одбираат.“
“Момчиња,воопшто не е важно какви сте во очите на девојките,туку какви сте меѓу нивните нозе.“
„На мојот комшија му го погрешија лекот против ќелавоста,наместо коса му пораснаа рогови.“
„И во љубовта,и во многуте спортови,највозбудливи моменти се последните.“
Коки