(Видео и фото) Промовиран 24 број на списанието „Велес“
Списанието „Велес бр.24“ денеска беше промовирано пред многубројна публика во просториите на Ликовен салон Велес. Во книжевното списание коешто го издава Клуб на писатели „Коста Солев Рацин“ темите се за Велес и велешани. Ова списание се занимава со севкупната историја, традиција и континуитет на велешкото духовно и материјално богатство од најстари времиња па се до денес.
Промоторот Васил Тоциновски рече дека не постои литература и култура без свои списанија коишто го следат тековниот живот на литературата и дека списанието „Велес“ содржи се што е поврзано со градот и Велешани а автори на текстовите можат да бидат луѓе од целиот свет.
Списанието прв пат од печат има излезено во 1977 година поттиканто на иницијатива на академик Александар Спасов, Вера Весковиќ – Ванѓели и д-р Васил Тоциновски.
Свој музички перформанс имаа учениците на ОМУ „Стефан Гајдов“ Велес, Татјана Арсовска и Стојанов Марко, а извадоци од списанието читаа Теодора Чаушевска Моника Сребреновска и Стефани Теовска од 2-5 клас при ССОУ „Коле Неделковски“ – Велес.
Стефани Манева