Мицковски од Велес: Македонија е дело од еден голем сон, Марко да сонуваме големи работи – aјде сите заедно да го поддржиме број 7 за историска победа на ВМРО ДПМНЕ во Велес

Овие избори се локални избори но со суштинско и длабоко значење, бидејќи од одлуката на граѓаните на Велес , позади параванот, зависело колку тие сакаат да ги променат работите . Изборот се сведувал на тоа дали граѓаните ќе дозволат да продолжи аргоганција на актуелната власт која велела дека е најдобра иако била најлоша, со неисполнети ветувања, со убави лажни зборови кои носеле болна иднина или заедно со ВМРО ДПМНЕ ќе почнеле процес на промени. Вака вечерва го започна обраќање пред велешани претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицковски, на митингот на партијата со коалиционите партнери. Тој побара шанса за создавање на подобра и поубава иднина која што ќе се темели на реални потреби во која што сите заедно ќе покажеле дека зборот вреди.
-Да го менуваме системот, да не се потргнуваме настрана пред оние кои што не знааат, не можат и не сакаат да ја видат Македонија успешна. Во оваа кампања од Заев видовме ароганција, реприза на истите флоскули и немање на програма. Не можам да се изначудам на нивната ароганција и малодушност во следнава смисла, Заев пред некој ден кога дојде од ЕУ се пофали дека иако нема датум за ЕУ ни пренесува поздрави од Макрон и Меркел. Си спомнувам кога тогашниот премиер на Бугарија, Бојко Борисов, се врати од еден таков и донесе вест во Бугарија дека донел 38 милијарди евра. Овој нашиов ни пренесува поздрави од Макрон и Меркел. Што се однесува до датумот пак, ни вели дека секој октомври ќе биде ноември и се така, 52 месеци и петта година по ред. Затоа драги мои со Зоран Заев нема иднина. Од овој човек не можете ништо да очекувате, никакви резултати, додаде Мицковски.

Констатирајќи дека Заев станувал заробеник на минатото во кое со замислениот противник бил сам со себе, во монолози во кои повремено го спомнувал и Мицковски и се тоа наликувало како да води борба со ветерници, вртејќи се во круг. Правејќи споредба дека кандидатот на СДСМ за градоначалник на Велес бил копија на Зоран Заев, Мицковски рече дека со градоначалникот во заминување, пред 4 години, ветувале се и сешто а ништо не испорачале.
-Тогаш тандемот Коциќ-Коцевски ветуваше две катни гаражи, регулирање на сообраќајниот хаос, затворен базен, колектор, пречистителни станици, регионална фабрика за преработка на отпад, изградба на кејот на реката Вардар, а ништо не остварија. Затоа и денес драги мои ветуваат но не им верувајте. Гласајте за промени, гласајте за нова иднина, затоа што Марко Колев има програма, знае како се реализираат проекти, додаде Мицковски.
Повикувајќи масовно да излезат на 17 Октомври и да го заокружат бројот 7 за идниот градоначалник и победничкиот совет Мицковски наброја проекти за нови улици, училишта, спортски сали, канализации и водоводи и поголема економска сигурност за сите во државата.
-Македонија е дело од еден голем сон, Марко да сонуваме големи работи, да правиме големи работи за овој народ кој што вечерва овде е дојден на овој дожд да ти аплаудира и тебе и на овие идни советници кои што ќе бидат мнозинство во Општина Велес. Реализирајте големи проекти, правете големи чекори. За да излезете од ова политичко мочуриште ви требаат чесни и честити луѓе кои што ќе реализираат големи проекти. Ајде сите заедно да поддржиме број 7 и една голема, историска победа на ВМРО ДПМНЕ во Велес, додаде Мицковски.

Заблагодарувајќи се на сите велешани кои секојдневно му давале поддршка кандидатот за градоначалник Марко Колев рече дека токму сограѓаните го охрабриле да се кандидира за градоначалник. Тој им вети на присутните дека ќе ја вложи целата својата енергија, знаење за просперитетен Велес затоа што Велес бил негов роден град кој го сакал и затоа ќе бил поубаво место за живеење.
-. Не ветувам ништо што не можам да реализирам, а ќе реализирам многу повеќе. Се обврзувам после 16 години да се донесе Генералниот урбанистички план, без ГУП нема развој на Велес. Ви ветувам уредување на кејот на река Вардар, можеби еден од најприоритетните проекти е реконструкција на мостот кај Башино Село. Уште во првата година ќе ја реконструирам зградата на протипожарниот дом, стара поовеќе од 40 години, ќе го решиме проблемот со кучињата скитници, ќе отвораме нов развоен истражувачки бизнис центар, целта ни е да создадеме перспектива за младите и со директна финансиска поддршка за старт ап програми ќе обезбедиме полесно отворање на бизниси за младите. Ќе изградиме нова подземна гаража во центарот, пред судот, со капацитет од 100 возила и над неа уреден градски плоштад за конечно Велес да добие плоштад а следниот митинг, по 4 години, таму да го одржиме“, вети Колев.
Тој исто така додаде дека ќе изгради нова индустриска зона Мамутчево 2 , нова инфраструктура на веќе постоечките УЗУС, Речани 2, Караслари и Мамутчево, а поранешниот хотел Вила Зора ќе биде Дом за стари лица и простор за деца без родители. Како и прв велосипедски пешачки парк во Македонија, целосно реконструирање и осветлување на пешачката патека околу езеро Младост и три нови спортски комплекси во населбите Дворови, во двор на ООУ „ Васил Главинов“ и запрв пат во населба Речани. Реконструкција на градскиот парк и поставување на тартан патека на стадинот, катна гаража кај автобуската станица, фасади на околу 20 згради во централно градско подрачје, нова детска градинка и реконструкција со проширување на патот кон езеро Младост. Според Колев приоритет на идната локална власт ќе била реализација та на вкупно 213 проекти, од кои голем дел за подобрување на животот на жителите од левата страна на градот.

Велејќи дека вечерва на шест дена пред изборите велешани искрено и се радувале на победата што им претстоела и која што никој повеќе не можел да им ја одземе, носителот на листата на советници Зоран Љутков констатираше дека:
-Велес ќе победи затоа што на велешани им е потребно ефикасно здравство, здравствени работници кои што постојано ќе се грижат за пациентите и апсолутно немаат потреба да сe сликаат со кандидатот за грдаоначалник на СДСМ додека болните лежат беспомошни без лекарска грижа. Велес ќе победи затоа што му требаат странски инвестиции и нови работни места а не четиригодишна стагнација и ниту една странска инвестиција, затоа што неможе повеќе да гледа како се уништува скапоцената велешка култура , се фрла пепел пред возвишеното дело на Јордан Џинот , стои заборавен гробот на најголемиот меѓу нас Миле Поп Јорданов и како насила се забораваат подвизите на Гемиџиите, големината на Рацин и Неделковски, човекољубието на Панко и жртвата на велешките партизани.

Тој додае дека нема македонска историја без Велес и го нема Велес без својата скапоцена историја и традиција по кои светот одсекогаш не препознавал. Според него победата во Велес ќе биде вовед на големи промени и на државно ниво.
Убавка Јаневска
