Филипова: Со Неготино ќе се гордееме!

Објавено на 14 март, 2013 во 16:50

„Живеат во 21 век а немаат канализациона мрежа жителите на селото Црвени брегови. Јас со ова неможам да се помирам и затоа на жителите на селото им реков дека мојот главен приоритет на градоначалничката функција ќе биде изградбата на канализационата мрежа и водоводот,“ рече кандидатот за градоначалник на Неготино од СДСМ и Сојузот на иднината, Силвана Филипова.

Таа информираше дека најголемиот број на граѓански барања се однесувале на немањето вода за пиење, неосветлените улици и неизградената инфраструктурата.

„Решавање на проблемот со недостигот од вода за пиење, гасификација на Неготино, привлекување на инвестиции заради намалување на бројот на невработени и стабилно јавно комунално претпријатие се моите приоритети со кои од Неготинци ја барам довербата. Тоа се проблеми со кои секојдневно се соочуваат граѓаните за нив мора да најдеме решенија,“ рече Филипова.

Како кандидат за градоначалник од СДСМ таа на своите сограѓани им најави воведување на социјален пакет за стечајните работници и работниците прогласени за технолошки вишок со кој тие ќе бидат ослободени од плаќање на надомест за вода и смет, бесплатен превоз два пати неделно и „мобилен шалтер“ за пружање на административна помош за жителите на населените места, повеќе пари за спортот, грижа за културата и образованието, заживување на инклузивното образование преку отворање на ресурсен центар за пружање на помош на лицата со посебни потреби, како и финансиска поддршка за талентирани ученици и студенти./Б.Н.Т

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.