Апостолов се сретна со земјоделците од Неготино!

Објавено на 19 март, 2013 во 17:17

Кандидатот за градоначалник на Вмро Дпмне и коалицијата За подобра Македонија од Неготино Ванчо Апостолов имаше средби со земјоделците од населените места во општината.

„Од година во година растат финансиските средства што по основ на субвенции ги добиваат земјоделците од цела држава, а со истото темпо продолжуваме и понатаму во насока на уште позабрзан развој на овој некогаш целосно запоставен сектор“, истакнаа Апостолов. На  одржаните средби присуствуваше и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделието и руралниот развој Тони Димовски.

Апостолов во своето обраќање пред земјоделците ги потсети дека и како раководител на подрачната единица на министерството за земјоделие и како пратеник во Републичкиот парламент секогаш се залагал за нивните права, предлагал и поддржувал закони за земјоделците. Тој вети дека доколку и сега ја добие довербата на граѓаните за прв човек на општината неговата поддршка за овој сектор ќе биде уште поголема односно дека ќе се залага земјоделците да го добијат потребниот третман од страна на државата.

„Неготино е земјоделски крај и производителите во иднина ќе ја имаат соодветната поддршка“,потенцира Апостолов./Б.Н.Т

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.