Панов: „Кавадарци ќе добие подземен коридор“!
Актуелниот градоначалник на Кавадарци и кандидат на власта за втор мандат, Александар Панов, продолжува да ги презентира реализираните проекти, а најавува и нови капитални инвестиции.
“Бидејќи изминатиот период покажавме дека заедно можеме да создадеме што повеќе дела, и овој пат јас како градоначалник и кандидат за градоначалник и советничката група, заедно со нашиот пратеник и централната власт ќе бидеме макимално посветени на вашите потреби. Тука сме на градксиот плоштад за да ги потсетиме уште еднаш сите оние кои не го погледнаа овој плоштад, кој со помош на бизнис секторот го изгради ова локална самоуправа. Тука сме да ветиме подземен коридор и проширување на овој плоштад. Тука сме да ветиме и дека деловно трговскиот центар на градскиот пазар конечно ќе се реализира со јавно приватно партнерство“ рече на денешната прес конференција Панов./ А.Д
