Панов: „Со дела го сакаме Кавадарци“!

Објавено на 22 март, 2013 во 12:22

„Делата кои досега ги реализиравме зборуваат за нашиот домаќински однос и со право ги очекуваме вашиот глас.  Гласањето за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата значи гласање за новите дела и правење јасна разлика помеѓу оние кои препишуваат , копираат, се закануваат и не работат ништо и оние кои  работат и пишуваат програми и реализираат дела“ рече кандидатот за градоначалник на Кавадарци на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“’.

Тој и на завршната прес конференција ги повтори изборните ветувања за кои ја бара довербата. Најави  аква парк, нова детска градинка,подзмен коридор и проширување на градскиот плоштад, нова зграда на против пожарната единица , замена на асфалтната маса на сите улици, продолжување на кејкот, школска зоолошка градина, довршување на патот до Мушов гроб, асвалтетн пат до Дисан, поврзување на Сопот со Рибарци, нови фасади на зградите на „Илинденска“ и уште 166 проекти за  Кавадарци./ А.Д

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.