Китев: „ Дојде време да им обезбедеме иднина на младите овде, во своите огништа, покрај своите семејства“!
Кандидатот за градоначалник на „Сојузот за иднината“ Бетиан Китев денеска ги повика младите заедно да се изборат за иднината, бидејќи сама не доаѓала. Побара младите да бидат тие што ќе го запреле процесот на земање бугарски пасоши и исселување од Македонија.
Низ историjата имаме многу примери кога во клучни моменти луѓето знаеле да се издигнат над сите тортури и притисоци од страна на властодршците и да тргнат во решавачка битка со деспотот. Живееме во едно ненормално општество каде реалноста е забранета, не смее да се увиди а уште помалку да се прифати. Колку посилно тропа сиромаштијата на вратата, толку посилно ечат рекламите за нови инвестиции кои ќе овозможеле да се вработат илјадници граѓани и ќе се давале европски плати. Ве прашувам кавадарчани, зема ли некој од тие европските плати, ја осети ли некој преродбата? Ви го сменија ли животот на подобро делата за кои зборува ДПМНЕ? “ праша Китев и се осврна, како што рече, на резултатите од погубната политика и недомаќинско работње на актуелната власт.
„Илјадници млади и цели семејства пребегуваат во европските земји во потрага по парче леб. Останати без егзистенција, социјално уништени, принудени поради безперспективноста, благодарение на негрижата на локалната самоуправа за своите граѓани, благодарение на режимот и „преродбата„. Нашите граѓани во бегство од таквата изолација одат во соседна Бугарија по пасош и се декларираат како бугари за да можат да ги користат бенефитите од тоа што значи да си европски граѓанин, за да имаат иднина и да имаат можност да работат и да напредуваат. Државниот завод за статистика излегува со загрижувачки податоци, наталитетот е намален а морталитетот во пораст. Никаков прогрес, единствено регрес во сите сфери од општеството. Е па доста е. Дојде време да им обезбедеме иднина на младите овде, во своите огништа, покрај своите семејства. Ние сакамо општество на слободни луѓе, каде никој нема да смее да врши притисок, да уценува за работно место, да злоупотребува, да заплашува. Сакаме општина каде секој подеднкаво ќе има можност да напредува. Каде младите ќе бидат мотивирани да градат своја кариера. Се бориме за општина која ќе биде со отворени врати за сите интелектуални капацитети и ќе им овозможи нивна надградба. „ рече Китев.
Тој нагласи дека во првиот круг од локалните избори владеело лудило. Дрскоста, безобразлукот и потценувачкиот однос на ВМРО-ДПМНЕ го достигнале врвот.
„ Пари за гласови се делеа како пупки за мртвен. Колку ли ни вреди нашето достоинство? За колку ја продаваме нашата душа, нашата иднина? Зарем ќе дозволиме некој да не гази и со 1000 денари да не купи за повторно да не гази уште четири години? Зарем ќе му дадеме доверба на некој уште четири години да заврши нешто што не го ни започнал авеќе е седум години на власт? Иднината е во младите, но не иде сама. Мораме заедно да се избориме. Овојпат, или сите ќе си подадеме рака и ќе успееме, или ќе се осудиме самите да пропаднеме. Ве повикувам да бидеме единствени. Завршија поделбите. Кавадарчани, оставете го минатото зад себе во спротивно ќе не изеде. Нашата иднина е СЕГА! Како Вие ќе одлучите, така ќе ни биде. “ повика Китев на денешната прес конференција./ A.Д
