Панов најави нови проекти за селата Марена и Сопот!
Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за Кавадарци, Александар Панов денеска ги посети селата Марена и Сопот. Им најави на жителите проекти кои ќе ги реализира доколку ја добие нивната подршка во вториот круг од изборите.
„Нешто што е многу важно за селото Марена, тоа е прочистителната станица. Тоа е проект на владата и ќе се реализира во наредниот период од четири години. Секако тука е и колекторскиот систем за да конечно жителите на селото Марена ги спасиме од непријатната миризба, како и фудбалското односно ракоментото игралиште. Наредната година планираме да завршиме со проектот патна инфрањструктура, односно селото да нема непоплочена улица. Нешто што е најбитно за селото Сопот е асфалтното поврзување со селото Рибарци. Нешто што го правиме не за да сопотчани бидат поблизу до автопатот, туку конечно да обезбедиме асфалтен пат и некаде каде што имаме најплодно земјиште. Ќе го градиме подрачното училиште, ќе изградиме уште едно спортско ракометно игралиште. За да финишираме со патната инфраструктура ќе изградиме асфалтен пат до постоечкото спортско игралиште во селото“ рече Панов и најави дека од понеделник автобуската линија од градскиот превоз наместо до Марена ќе продолжува и до селото Сопот и обратно./ А.Д
