Китев: „За какви дела зборуваат во образованието-таму владее хаос“!

Објавено на 30 март, 2013 во 13:58

Кандидатот за градоначалник на „Сојузот за идниата“ за Кавадарци, Бетиан Китев денеска на прес конференција изнесе низа обвинување на адреса на актуелната власт во делот на образованието. Оцени дека таму владеел вистински хаос, иако власта говорела за реализирани дела.

„Компјутер за секое дете“ беше еден од најпомпезно најавуваните проекти на Владата. Се потрошија милионски суми на себе рекламирање, за тоа колку Владата се грижи за квалитетното образование на децата, за тоа колку сакаат да го модернизираат образованието, за тоа како тие гледаат на овој проект како темел за почеток на една нова генерација…    Со самиот почеток на овој проект во половина од средните училишта во земјава, односно во 42 од вкупно 93 училишта, беа украдени компјутери, делови од компјутери, екрани, тастатури и рутери. Во дел од училиштата, компјутерите сеуште спакувани стојат во подрумите, дел ги нема и не се пријвени никаде, а дел се расипани поради чувањето во несоодветни улови.     Што се случи со паролата ЗНАЕЊЕТО Е СИЛА, ЗНАЕЊЕТО Е МОЌ? Владата на Р.М а како најповикан Министерот за образование, унакази цели генерации, немаше учебници за 4-то, 6-то и 7-мо одделение, како и за средношколците.  Проектот “бесплатни учебници“ го доживеа своето фијаско. Владата немаше средства за учебници. Имаше и има страшен недостиг на стручна литература, додека јазичните, техничките и фактографските грешки се персонификација на профилот на таканаречените “стручњаци“ кои беа одбрани од Владата за да го подготват материјалот со кој ќе се служат идните генерации. Што се однесува пак од 1-во до 4-то одделение, во нивната програма со која се гордеат,   се предвидува потполнување во учебниците.  Владата имаше предвидено три генерации да ги користат истите учебници, па затоа учениците требаше да пишуваат танко со молив, за наредната генерација да може да брише со гумичка, да се преправа дека не го видела одговорот и да го напише одново. Парадоксот да биде уште поголем, со новиот предлог закон на Владата, таа бидејќи го сфаќа сериозно образовниот процес и претставува нејзин приоритет во кој инвестира како национална стратешка политика, предвидува, истите учебници да се употребуваат наместо досегашните три, отсега шест години. Шест генерации во истите учебници да пишуваат со молив внатре и да потполнуваат, со тоа што секоја наредна да брише и повторно да пишува. Поквалитетно образование просто неможе ни да замисли човек“ рече Китев и обвини дека владеел вистински хаос. Грабел кој колку ќе стигнел. Се приватизирала нафтата за огрев, се прикажувале огромни суми за фотокопирање.

Нагласи дека лошите кадровски решенија во институциите, партизираноста и целокупниот застој како во културолошкиот развој така и во образовниот процес биле лицето на актуелните состојби во општината.

„Во Кавадарци не постои развоен мултикултурализам. Фондот со кој располага библиотеката е незадоволителен. На домот на културата му недостигаат кадри од сите области и соодветен простор за достојно претставување на делата. Од вкупно 475 настани во годината ниту еден не остана запамтен. Надвладува квантитетот над квалитетот. Ниту постои слобода на изразување ниту подршка за ликовен и воопшто уметнички развој. Градоначалникот е тој кој треба да даде директна подршка и да го менаџира парцитипирањето  на општината во сите проекти од областа на културата.Кавадарци сака  нови музеи, сака  негување на традицијата и давање една специфична димензија на општествениот живот во однос на објективната стварност како круцијален фактор кој го карактеризира колоритот на цивилизацијата.Состојбата во образованието е алармантна. Катастрафални учебници со катастрофални содржини.  Се врши притисок на секаков начин врз просветниот работник. Наместо акцент да се даде на дидактичкиот материјал и едукација, се разводнува целиот образовен процес. Партиски кадри се форсираат а се отстрануваат останатите ограничувајќи ги да не учествуваат на разни семинари и проекти за доплнителна интелектуална надградба. Електронските дневници кои треба да ги ажурираат служат како алатка за да им се изрече казна во било кое време. Најновото кое го измислија е казни за родителите кои немаат е.маил и не се елктронски поврзани со училиштата. Се прашувам до каде ќе дозволиме да оди ова лудило? Некои граѓани одвај успеваат да се прехранат, ниту имаат компјутери дома, ниту имаат можности за да приклучат интернет а уште помалку знаат да работат со електронска пошта. Крајно време е власта да се симне на земја и да ја виде реалната слика. Крајно време е да го сопреме ова малтретирање, понижување и дрско однесување на лица кои заборавиле кој ги ставил во тие фотељи од каде сега се однесуваат како мали богови.“ рече Китев.

Најави дека ако ја добиел подршката од граѓаните ќе ги обновел  постоечките училишта и ќе створел  подеднакви услови во образовниот процес за сите категории ученици.

„Ја бараме Вашата доверба, вашиот глас, за да ставиме крај на атрофијата на образованието. Образовниот процес мора да се одвива надвор од досегашната пракса каде образованието служи исклучиво како жариште за сместување партиски кадри. Сакаме квалитет, бидејќи знаењто е украс за богатиот и богатство за сиромашниот“ потенцира кандидатот на „Сојузот за иднината“./ А.Д

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.