Остри стрели разменија подмладоците на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ!

Објавено на 1 април, 2013 во 13:02

Младите од владеачката партија ја обвинија опозицијата дека настапувала со празни фрази и голи зборови без да реално им ги решат проблемите на младите.

“Проблемите на младите се решаваат со конкретни проекти, во конкретни рокови и со создавање на услови за привлекување на странски и домашни инвестиции, за отворање на нови работни места, каде водечкиот капацитет на работната сила се младите. Ние од ВМРО-ДПМНЕ на младите им нудиме програма со проекти кои директно се однесуваат на младите“ рече меѓу другото на прес конференција претседателот на УМС, Слободан Ивановски кој нагласи дека на младите социјалдемократи,  постарите од црвената буржоазија превртено им ја прераскажале историјата.

Претседателот на СДММ Кавадарци, Сашко Петров со неколку прашања на прес конференција се обрати до членовите на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

„Ви се обраќаме од една единствена причина, да ви посочиме во каква атмосвера делувате и како ве злоуптребуваат. Ви се обраќаме за да си ја сватите вашата злоупотребена вредност.  Во последниот негов прес, вашиот претседател Слободан Ивановски, нам младите социјал демократи не нарече црвена буржоазија. Поради одбивањето на јавно соочување ние неможеме да го прашаме, па затоа ве замолуваме прашајте го вие. Прашајте го колкави месечни примања има неговото семејство? Прашајте го со кои квалификации тој го доби работното место во управата за јавни приходи? Прашајте го во кои се удобности тој ужива додека вие лепите плакати и играте во понижувачки пародии?

Прашајте го и Александар Тасев, колку локали има неговото семејство во Општина Кавадарци? Прашајте го за тоа дали неговото семејство своето богатство можеби го добило за време на транзицијата? за која тој толку гласно зборува, а се што има има поради неа… Од кога ќе го добиете одговорот на овие прашања, самите ќе заклучите кој е буржоазијата во Кавадарци. Портокаловата буржоазија.

Слободан Иваноски, исто така многу милува да зборува за инвестицијата Дрекслер Мајер. Нека ви одговори: Чим таа ивестиција е толку добра, зошто тој не го напушти своето партиски добено работно место во Управата за јавни приходи и неколкуте извршни одбори во кои тој членува, и не замине да работи таму, како вас, за 8400 денари? Нели таа инвестиција е толку добра, зошто тогаш  целото негово семејство е на товар на државата? Нели е конзервативец? Ако е конзеративец нека оди да работи во приватниот сектор“ рече Петров, претседателоt на СДММ ОО Кавадарци./ A.Д

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.