Црвенковски и Коцевски на митинг пред жителите на Иванковци и Оризари!
Закани, уцени и трошење на народни пари за реклами се методите кои ги користи актуелната власт за да го добие вашиот глас порача вечерва од велешкото село Иванковски лидерот на Социјал демократскиот сојуз, Бранко Црвенковски.
Тој дојде во неочекувана посета на селото каде кандидатот за градоначалник на Велес, Аце Коцесвки издвои победа со 120 гласови пред неговиот противкандидат. Црвенковски ги храбреше жителите да не потклекнуваат на притисоците на власта и во вториот круг да му ја дадат поддршката на Коцевски.
„Тоа можете да го покажете веќе на 7 – ми април и тоа само со една минута зад параванот. Кога ќе донесувате одлука помислете на тоа дека пред да го заокружите ливчето, власта е во ваши раце. Таа една минута. После тоа кога ќе го заокружите и фрлите во кутијата сте ја предале власта некому за следните четири години. И после тоа жалење, кукање, каење, нема“, рече Бранко Црвенковски.
Знам дека деновиве ви се закануваат дека ќе ви ги земат тракторите и земјата и дека нема да ви ги исплатат субвенциите, но тоа се само наменски закани за изборите рече Аце Коцевски при своето обраќање пред иванковчани. Ве охрабрувам во недела да излезете на гласачките места, да гласате со чиста совест за оној кој најмногу ја заслужува вашата доверба, а ако јас повторно сум ваш избор се ќе сторам да ги исполнам сите ветувања кои ви ги дадов рече Коцевски.
„Почнувајќи од патот за кој добро знаете дека 500 илјади евра се обезбедени уште кога јас бев градоначалник, меѓутоа поради нивната неспособност тие за четири години не успеаја да ги потрошат тие пари и да го направат патот. Сакам да ви ветам дека тоа веднаш ќе го реализирам по стапувањето на функцијата градоначалник. Се разбира не е само тоа бидејќи ние се договоривме и за многу други работи, за уличното осветлување, за водоводот, канализацијата и плоштатка на сред село. За тоа ја барам вашата поддршка и верувајте ми дека се ќе направам следниот период Иванковци да биде на врвот на моите приоритети“, рече Аце Коцевски.
Сојузузот за индината вечерва го промовираше својот кандидат на миинг и во селото Оризари каде повторно од жителите ја побара поддршката за нивниот кандидат Аце Коцевски./Б.Н.
