Коњановски дојде да му даде подршка на Панов!

Објавено: 2 април, 2013, во 12:56 часот

Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за Кавадарци, Александар Панов ја интензивира предизборната кампања во пресрет на гласањето во вториот круг. Денеска пред жителите на Марена, Сопот и Дреново подршка му даде заменик министерот за земјоделство, Зоран Коњановски. Тој фалејќи го Панов за залагањето за земјоделците,  рече дека бил силен партнер на лозарите.

„Александар Панов е градоначалник кој во оваа година има најмногу дојдено во мојот кабинет за реашвање на проблемите на лозарите. Јас сум задоволен од соработката со Александар. Покрај тоа што владата гледа силен партнер во лозарите исто така гледа силен партнер и во Александар Панов,  бидејќи ги застапува нивните интереси, а со тоа ги застапува и политиките на владата. Како осноивен столб на нашата политика и во иднина ќе бидат земјоделците. Ние преку нашите програми имаме начин како да вратиме кон општините, кон помалите населени места кко што е Марена, Сопот, како што се Дреново и Возарци, бидејќи имаме средства наменети и за градење на мали и на полски патишта и за возобновување на системите за наводнување и водосанбдување. Панов е прв и единствен градоначалник кој направи падарска служба во Македонија. Маката на земјоделците го натерала да размислува да ги заштити нивните имоти. Иако според хартија може не е надлежен за тоа но чувствува одговорност кон тие граѓани. Врши брз урбанизација на одредени места каде би се граделе откупно дистрибутивни центри за земјоделски производи, каде би се граделе мини винарии. Води сметка за возобновување на каналската мрежа на системите за наводнување. Најави дека ќе изгради локални патишпт околкуѕ селата. Ете токму затоа го подржувам Александар Панов да биде градоначалник на сите граѓани и на сите земјоделци од овој крај“ рече Коњановски за кандидатот за градоначалник Панов.

Панов му се заблагодари на заменик министерот , како што рече, за убавите зборови и нагласи дека ќе продолжи со спроведување на владините политики во земјоделството на локално ниво.

„ И ние од оперативниот буџет и понатаму ќе продолжиме да ги помагаме на лозарите бидејќи сепак лозарите се основата на сите кавадарчани и ние не можеме да бидеме индиференти кога тие имаат мака. Ќе помагама во инфраструкутра и во спроведувањето на владините политики.“ рече Панов./ А.Д

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.