Чадиев и Коцевски си подадоа рака на потпишувањето на кодекс за фер избори!
Објавено: 2 април, 2013, во 13:35 часот
Но, веднаш по ова во изјавите имаа сосема спротивставени ставови за тоа во каква атмосфера поминува предизборната кампања.
Со насмевка на лицето кандидатот за градоначалник на ВМРО ДПМНЕ, Славчо Чадиев го потпиша кодексот за однесување – документ кој преставува обид на невладините за фер однос меѓу кандидатите за градоначалници. Чадиев во него остави и куса порака – за подобар Велес, за подобра Македонија. Тој очекува исто како и првиот изборен круг и вториот да помине во фер и демократска атмосфера.
„Како што беше и првиот круг, ги повикувам граѓаните да излезат слободно на избори и својата воља да ја искажат на 7 – ми април. Да го изберат својот градоначалник и тој од 8 – ми април да го води Велес во подобра напредо, успешен Велес, успешен град“, рече Чадиев.
Споротивно на него кандидатот на СДСМ, Аце Коцевски во кодексот за фер избори каде и тој го стави својот потпис порача за граѓаните да го остварат своето демократско право и со своја воља да одлучат кој во нивно име ќе ја води општината во наредниот период. Во изјавата потенцираше власта користи народни пари за кампањата и тоа покажува колку нефер се изборите.
„Се случија многу чудни нешта, неважечки гласачки ливчиња, користење на државни ресурси за кампања, почеток на градежни работи кои не се во планот за годишното работење на општината и кои не смеат да започнуваат во предизборие, уцени, закани, насилства и обиди за поткупување на граѓаните“, рече Коцевски.
Сепак тој верува дека велешани нема да подлегнат на притисоците бидејќи како што рече од секогаш биле со прогресивни идеи и поради горкото искуство кое го имаат од 2009 година ќе го дадат својот глас за нивниот личен избор./Б.Н.
