Чадиев:Ќе работам на забрзана легализација на дивоградбите!
Кандидатот за градоначалник на Велес од ВМРО ДПМНЕ, Славчо Чадиев вети итна легализација на дивоградбите.
Една од основните цели на ВМРО ДПМНЕ е решавањето на проблемот со дивоградбите и поради тоа и еден од моите приоритети е што поскоро да се легализираат таквите објекти низ градот, но и околните населени места. Ова денеска го вети кандидатот за градоначалник на Велес, Чадиев промовирајќи дел од својата предизборна програма.
„Подобрување на живот на граѓаните е една од приоритетите кои го има владата на ВМРО ДПМНЕ и поради ова ќе го го историско прашање за што ни една влада не пројави интерес. Јас како иден градоначалник ќе формирам тим од експерти кој ќе работи на забрзување на постапката за легализација, а тоа ќе бидат експерти во областа на градежништвото кои ќе им излезат во пресрет на 6 000 семејства“, рече Чадиев
Овој проблем се провлекува повеќе од дваесет до триесет години, па поради ова речивме да му посветиме поголемо внимание. За дивоградбита кај реката Бабуна исто така имаме решение, рече Чадиев
„Во мојата програма е предвидено да се создаде туристички локалитет Пешти, тоа значи дека во иднина таму нема да има повеќе дивоградби во прв момент ќе изработиме една студија, ќе направиме пресек на работите за да видиме што се е изградено, а по тоа ќе пристапиме кон решавање на овој проблем’, рече Чадиев.
Тој обвини дека проблемот со дивоградбите на бабуна е од поодамна уште додека неговиот против кандидат беше градоначалник и според него Коцевски ништо не сторил за да го реши овој проблем./Б.Н.
