Панов и Пешевски ја најавија изградбата на првата катна гаража!
До крајот на годината ќе се обезбеди паркинг простор за стотина возила. Денеска започнаа градежните работи за изградба на катната гаража. Предизборно стартот на работите го најавија вицепремиерот Владимир Пешевски и кандидато за градоначалник, Александар Панов.
„Ние како Влада даваме придонес во решавањето на дел од комуналните проблеми на граѓаните. Тоа ќе го правиме и во иднина. Ова е еден таков проект, а вакви проекти ќе има и понатаму. Морам да ја нагласам одличната соработка која ја имаме со градоначалникот на Кавадарци бидејќи станува збор за развиен град особено во земјоделството. Токму во врска со проблемите на лозарите кои беа во минатото Панов имаше многу активна улога, рече Пешевски.
Градоначалникот на Кавадарци и кандидат за нов мандат Александар Панов рече дека со катната гаража треба да се реши проблемот кој постои со паркинг просторот во градот.
„Со одлука на Владата ова земјиште ни е доделено на трајно користење, а со пари од оперативниот буџет во висина од 29 милиони денари првпат во градот правиме еден ваков проект. Ова ќе биде катна гаража со над 100 паркинг места. Работиме и на проект за друга катна гаража која заедно со паркинг местата предвидени во идниот деловно трговски центар ќе го решат сообраќајниот хаос кој се создава поради немањето на доволно паркинг места“ рече Панов./ А.Д
