ВМРО-НП, Достоинство и Борис Давидов со подршка за Бетиан Китев!

Објавено на 4 април, 2013 во 16:03

Лидерот на ВМРО-НП, Љубчо Георгиевски денеска дојде во Кавадарци за  јавно му даде подршка на кандидатот за градоначалник на опозицијата Бетиан Китев. Тој ги повика кавадарчани во недела да гласале за опозициониот кандидат Бетиан Китев. Георгиевски на прес конференцијата се осврна и на, како што рече, хаосот кој владеел во секој сегмент од животот во Македонија и потребата од промена на актуелната власт.

Подршка за Китев денеска искажа и независниот кандидат за градоначалник во првиот круг Борис Давидов. И тој ги повика своите сограѓани да ја даделе подршката на Китев со цел општината да имала подобар развој во наредните четири години.

„Доколку гласате за Панов, тоа значи дека се сложувате со тоа и понатаму да плаќате високи сметки, со високите казни против вас, дека и понатаму сакате партиски вработувања, необразовани личности на високи позиции, сообраќаен хаос и зголемен криминал во градот. Дека се сложувате со Талат Џафери да ви биде министер за одбрана и дека ја одобрувате „тендер“ коалицијата помеѓу ДПМНЕ и УЧК, се сложувате со монтирани судски процеси“ рече на прес конференција Наташа Бошковска од „Достоинство“ и ги повика кавадарчани за подобра иднина да гласале за кандидатот на опозицијата, Бетиан Китев./ А.Д

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.