Кандидатите за пратеници од СДСМ на средба со кавадарчани

Објавено на 5 април, 2014 во 13:31

Носителот на пратеничката листа во четвртата изборна единица Хари Локвенец и кандидатот за пратеник од Кавадарци, Бетиан Китев денеска на првиот ден од кампањата за парламентарните избори имаа средби со кавадарчани, како што рекоа да ги охрабрат и масовно да гласаат за промени.

„Ова е време кога единството на граѓанитее најважна карактеристика. Не заради нешто друго, туку заради типот на проблемите. Сите не тиштат заеднички, исти проблеми, независно кој на која партија припаѓа. Идејата ни е да ги промовираме вистинските вредности и решенија со кои може да почнат да се решават проблемите“ рече Локвенец.

Кандидатот за пратеник од Кавадарци, Бетиан Китев нагласи дека секогаш ќе ги застапува проблемите на граѓаните и ќе се труди истите да се решат.

„Искрен и чесен пристап им нудиме на граѓаните во решавањето на проблемите. Од 13 април почнуваат промените. Ништо на овој свет не е вечно, така ќе биде и со Груевски“ порача Китев./A.Д

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.