Смртта на ќерката на Дугин злоупотребена за ширење невистини и теории на заговор

Објавено на 17 ноември, 2022 во 23:33

Не е вистина дека Дугин е борец против неолибералистичкиот фашизам, тој не е творец на идејата за Евроазија и БРИКС (иако е нивни поддржувач). Произволно се тврди дека убиството на ќерката на Дугин било нарачано од Џорџ Сорос и дека Сорос е творец на сатанизмот. Промоторите на теоријата на заговор Кју Анон, неосновано и непоткрепено го поврзуваат Сорос и други проминентни Евреи како фамилијата Ротшилд, со конзумирање крв и киднапирање на деца, со нафрлање на реторика и наративи кои го вклучуваат зборот „сатанизам“. Исто така, нема докази дека Кадиров трага по потомството на Сорос за одмазда, ниту пак, дека Русија преку висок претставник во армијата најавила нуклеарен арсенал како одговор на убиството на Дарија Дугина

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој коментирајќи ја смртта на ќерката на Александар ДугинДарја Дугина, авторот вели дека ,,Александар Дугин е творец на идејата за Евроазија и БРИКС“, дека ,,Дугин е борец против неолибералистичкиот фашизам“, понатаму се споменува одмазда врз сатанистите, дека ,,убиството било нарачано од Сорос и дека ,,Сорос е творец на сатанизмот. Во постот се вели дека ,,Кадиров трага по потомството на Сорос за да се стапне на главата на антихристот и повикувајќи се на наводна изјава на висок претставник на рускиот генералштаб, авторот додава дека ,,одмаздата врз укронацистите ќе биде недвосмислена и коренита, неисклучувајќи го и нуклеарниот арсенал“.

Не постои такво нешто, како ,,неолибералистички фашизам”

Неолиберализмот е политички модел кој ги обединува и политиката и економијата. Неолиберализмот тежнее да ја префрли контролата на економските фактори од владата во приватниот сектор, со заложба за ефикасно функционирање на слободниот пазар и капитализмот и фокус да се ограничат владините трошења, регулација и јавното сопствеништво. Политиките на неолиберализмот типично поддржуваат слободна размена на добрата, приватизација и ограничување на владините трошења. Честопати овој модел се поврзува со економските политики на Маргарет Тачер во Велика Британија и Роналд Реган во САД. Критиките на овој модел се однесуваат на потенцијалните опасности на правата на работниците, како и на тоа дека на корпорациите им дава преголема моќ со што се зголемува економската нееднаквост. Сепак, неолибералните иницијативи кои се однесуваат на слободниот пазар, дерегулација на индустриите, даноците, намалувањето на даноците имаат поддршка.

Генерално, неолиберализмот се поврзува со политики на економско ослободување, вклучително со приватизација, дерегулација, глобализација, слободен пазар и намалување на трошоците на владите за да се зголеми улогата на приватниот сектори во економијата и во општеството.

Фашизмот пак, е сосема спротивен на ова. Тоа е начин на организирање на општеството во кое владата водена од диктатор, ги контролира животите на луѓето и тие не смеат да не се согласуваат со владата. Оваа политичка идеологија стана проминентна во Европа во 1920-30-ите години од минатиот век. Најноторен пример на фашистичко владеење се оние на Националната фашистичка партија во Италија на Бенито Мусолини од 1922 до 1943 година и на Адолф Хитлер од 1933 до 1945 година. Фашизмот е авторитарен и промовира национализам по секоја цена.

Професорот по филозофија на Јејл Универзитетот и автор на книгата ,,Како функционира фашизмот”, Џејсон Стенливели дека фашизмот е гледиште според кое членови на одредена етничка група доминираат политички, културно и со војската, дека фашизмот се базира на етничка поделба на ,,наши” и ,,ваши”, екстремен етно-национализам и носталгија за митското минато, во кое членовите на одредена етничка група имале ,,империја” која во сегашноста е изгубена.

Според Катедрата за историја на Кралскиот колеџ во Пенсилванија,Терминот “fascism” („фашизам“) го измислил Мусолини  во 1919 година. Зборот доаѓа од италијанскиот „fascio“, што значи сноп или група, и се смета за термин за милитантно братство. Зборот „fasces” значи секира, цврсто врзана со стапови, слика која стана симбол на фашистичкото движење, според Катедрата за историја на Кралскиот колеџ (отвора во новото јазиче) во Вилкс-Баре, Пенсилванија.

Роберт Пакстон, професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк, го опишува фашизмот како политичка практика која во 20 век донела популарен ентузијазам со користење на пропагандни техники. Според Пакстон, фашизмот користи пропаганда за да промовира антилиберализам, загрозување на индивидуалните права, граѓански слободи, демократија и слободно претприемништво, промовира исклучување на одредени групи, честопати преку насилство и национализам кој има тенденција да се зголемат националното влијание и моќ.

Професор Крис Рајт, од Сити Универзитетот во Њујорк, пишува дека фашистите историски се спротиставувале на модернизацијата кога таа се однесува на либерализам, демократија, индивидуализам и феминизам, а ја поддржувале модернизацијата кога таа значела технолошки и економски напредок, супериорност на војската, продуктивност и глорификација на машините и брзината.

Значи, термините неолиберализам и фашизам, се спротивни еден на друг.  Фашистите гледале на либерализмот како на нивен непријател. Кованицата неолибералистички фашизам, којашто се користи во постот што го рецензираме, не постои во политичката и филозофската литература, а уште помалку во реалноста во политичките системи или на економскиот пазар.

Сорос не е творец на сатанизмот и не нарачал никакво убиство

Во постот невистинито се тврди дека Џорџ Сорос е ,,творец на сатанизмот” и дека ,,го нарачал убиството на ќерката на Александар Дугин. Сорос е моќен и влијателен поддржувач на либерални општествени каузи, филантроп и активист, чии успеси како инвеститор го прават еден од најбогатите луѓе во светот. Во 1984 година Сорос искористи дел од своите профити за да ги формира фондациите Отворено општество, филантропска организација која вклучува мрежа на фондации. Иницијалната работа се фокусира на Источна Европа, на почетокот во Унгарија каде доделувани се стипендии, техничка поддршка за да се модернизираат училишта и бизниси.

Промоторите на теоријата на заговор Кју Анон, неосновано и непоткрепено го поврзуваат Сорос и други  проминентни Евреи како фамилијата Ротшилд, со конзумирање крв и киднапирање на деца, со нафрлање на реторика и наративи кои го вклучуваат зборот „сатанизам“.

Сатанизмот, односно неговата филозофска интерпретација на централната фигура на злото, се појавува официјално во 1960 година, кога официјалната сатанистичка црква е формирана од Антон Лавеј. Пред 20 век, сатанизмот не постоел како реална организирана религија, но христијанските цркви го споменуваат. Сатанизмот и Џорџ Сорос немаат никаква врска еден со друг.

Како што објави „Си Ен Ен“:

Руските безбедносни служби ја обвинија Украина за убиството на Дарија Дугина, ќерката на Александар Дугин.

Украина ги отфрли овие обвинувања нарекувајќи ги фикција.

Немаме ништо со убиството на оваа девојка. Ова е дело на руските специјални службирече Олексиј Данилов, секретар на украинскиот совет за национална безбедност.

Наспроти невистините изнесени во постот досега во ниеден медиум не е објавено дека Сорос е нарачател на убиството на Дугина.

Во постот се вели и дека „Кадиров трага по потомството на Сорос за да се стапне на главата на антихристот“.

Со оглед на тоа што потомството на Сорос е познато – „Ројтерс“ во 2012 објави дека Сорос има пет деца, нема причина по него ,,да се трага”. Иако е евидентно дека во постот ова е искористено како закана.

Во објавата се тврди и дека ,,одмаздата врз укронацистите ќе биде недвосмислена и коренита, не исклучувајќи го и нуклеарниот арсенал” (изјава на висок претставник на Рускиот генералштаб ), но не е наведено кој висок претставник на Рускиот генералштаб  кажал такво нешто.

Дали Александар Дугин е творец на идејата за Евроазија и БРИКС?

Во меѓународната политичка организација БРИКС, членуваат Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужноафриканската Република. Во септември 2006 година, во Њујорк се сретнале дипломати од првичните четири членки на БРИК, односно Бразил, Русија, Индија и Кина, а како целина членките на организацијата првпат се состанале на 16 мај 2008 година во Екатеринбург, Русија. БРИКС одржува годишен самит од 2009 наваму. Според „Дојче Веле“, акронимот БРИКС, во 2001 година го измислил аналитичарот Џим О’Нил од големата американска инвестициска банка Голдман Сахс.

Александар Дугин не фигурира како творец на идејата за БРИКС никаде. Според кинеската амбасада во Јужна Африка, идејата за БРИК (Бразил, Русија, Индија и Кина) првпат е зачната во 2001 година од Голдман Сахс, како дел од економска вежба за да се предвидат глобални економски трендови во следниот половина век. Акронимот БРИК првпат е употребен во 2001 од Голдман Сахс во Глобалниот економски документ број 66 насловен како “The World Needs Better Economic BRICs”.

Движењето Евроазија е руско политичко движење формирано во 2001 година од Александар Дугин. Организацијата следи неоевроазиска идеологија, која усвојува мешавина од руски патриотизам, ортодоксна вера, антимодернизам и болшевички идеи. Организацијата им се спротиставува на американските вредности како либерализам, капитализам и модернизам. Партијата Евроазија, е руска политичка партија регистрирана од Министерството за правда на 21 јуни 2002 година, една година по почетокот на движењето Евроазија етаблирано од Александар Дугин.

Дугин и партијата предвидуваат светски конфликт меѓу САД и Русија.

Новата евоазиска империја ќе биде поставена на фундаменталниот принцип на заедничкиот непријател, отфрлање на атлантизмот, стратешката контрола на САД и одбивање да се дозволи либералните вредности да доминираат о нас. Овој заеднички цивилизациски импулс ќе биде основата за политичка и стратешка унија, изјави Дугин.

На 26 март 2022 година, во „Секјурити Сајнс Џрнал“, објавена е статија од неколку професори во која се вели дека терминот евроазијанизам потекнува од руската заедница на емигранти од 1920 тите, како реакција на поразот на армијата на царот во Прва светска војна. На 5 август 2021 година во „Џорџа Тудеј“, пишува дека Евроазијанизмот е политичко движење чии следбеници веруваат дека Русија не припаѓа ни на европската ни на азиската цивилизација и е експресија на геополитичкиот концепт на Евроазија. Русија активно користи евроазиски идеи во надворешната политика, особено во односите со соседните земји. Во текстот на „Џорџа Тудеј“, пишува дека Дугин не е автор на оригиналната идеја за Евроазија.

Постојат голем број на погрешни претстави, на пример дека евроазијанизмот е доктрина родена во путинова Русија или дека како оригинална идеја му припаѓа на Александар Дугин. Затоа ќе ги погледнеме историските корени на ова политичко движење за да го разбереме. Евроазијанизмот како политичко движење процвета во 1920 кога емигрантите бегале од Русија (тогашен Советски Сојуз) како резултат на болшевичката револуција и Руската цивилна војна. Меѓу лидерите на движењето се познатиот лингвист и историчар принц Николај Трубетскои, филозофот Пиотр Савицки, музичарот Пјотр Сувчински, преведувачот Димитри Свиатополск Мирски и адвокатот Константин Цугајев. Нивното мислење било дека Русија не е дел од европската култура. За разлика од другите емигранти, Еуроазијанистите го сметале советскиот режим за неопходна фаза од развојот и верувале дека тој може да ја трансформира Русија во неевропска ортодоксна држава, стои во написот од „Џорџа Тудеј“.

Организацијата на Дугин се вика The Eurasian Youth Union(ESM; а на руски јазик Евразийский союз молодёжи). Тоа претставува традиционалистичка политичка организација и младински оддел на партијата Евроазија, на чие чело бил Александар Дугин во Русија. Владата на Украина во 2011 година ја оцени оваа политичка организација како екстремистичка, антиукраинска организација и ја забрани во Украина. Партијата Евроазија е руска политичка партија регистрирана во 2002 година од страна на Дугин. Според книгата на Дугин ,,Основите на геополитиката”, новата евроазиска тврдина ќе биде конструирана на фундаменталниот принцип на заедничкиот непријател, односно со отфрлање на стратешката контрола на САД и либералните вредности. Партијата од страна на критичарите е ословувана како неофашистичка, што Дугин го негира.

Првиот претседател на Казахстан, Нурсултан Назарбаевја предложи идејата за создавање Евроазиска унија, како регионален трговски блок. Унијата го поттикнува слободното движење на стоки и услуги и предвидува заеднички политики во транспортот, економијата, индустријата, земјоделството, енергетиката, надворешната трговија и царината. Целиот времеплов за тоа како е настаната Евроазиската економска унија погледнете го на следниот линк.

Повторно, во него го нема Дугин.

Сепак, дека Дугин е поддржувач на Евроазиската економска унија. На 10 октомври 2014 година, тој изјавил:

Само откако ќе ја реизградиме Голема Русија односно Евроазиската економска Унија можеме да станеме кредибилен глобален играч. 

Дугин тогаш исто така тврдел, дека САД сакаат да водат војна против Русија не со своите сопствени раце, туку преку рацете на Украинците, наратив кој и ден денешен се провлекува од руска страна, откако Русија изврши инвазија на Украина.

Поради сите горенаведени факти постот што го рецензираме го оценуваме како невистинит. Не е вистина дека Дугин е борец против „неолибералистичкиот фашизам“, тој не е творец на идејата за Евроазија и БРИКС (иако е нивни поддржувач). Не е точно дека убиството на ќерката на Дугин било нарачано од Џорџ Сорос, ниту пак, дека Сорос е творец на сатанизмот. Исто така, нема докази дека Кадиров трага по потомството на Сорос за одмазда, ниту пак, дека Русија преку висок претставник во армијата најавила нуклеарен арсенал како одговор на убиството на Дарија Дугина.

Овој напис е изработен во рамките проектот Промовирање на пристап до веродостојни вести за борба против дезинформации, имплементиран од Фондацијата Метаморфозис. Написот, кој е првично објавен во Вистиномер, e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација NED (National Endowment for Democracy). Содржината на написот е одговорност на авторот и не секогаш ги одразува ставовите на Метаморфозис, НЕД или нивните партнери.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.

8xbet คาสิโนออนไลน์888
8xbet
8xbet
ผลบอลสดไทยทุกแมชทั่วโลก
วิธี สมัคร บา คา ร่า มือ ถือ
ดูบอลสดดูบอลออนไลน์
ข่าวฟุตบอล
8xbet บาคาร่า
8xbet เว็บพนันออนไลน์เว็บตรง
บอลไทย U23
แทง บอล เดี่ยว
ข่าวบอลอังกฤษ
การคาดการณ์การแข่งขัน
8xbet คาสิโนสด
คะแนน ผล บอล สด 888
พัทยาสปอร์ต
ข่าวกีฬาเขตร้อน
ผลบอลสดวันนี้
ดูบอลสด
ถ่ายทอดสดฟุตบอล
ราคา บอล ภาษา ไทย
8xbet แจกเครดิตฟรี 1000บาท
ไทยล่าสุดฟุตบอลยุโรป
ดูบอลออนไลน์888
โปรแกรม ฟุตบอล ไทย วัน นี้
8xbet
888 ผล บอล สด ภาษา ไทย
8xbet-สล็อตแมชชีน
ถ่ายทอดสดฟุตบอลวันนี้
ดูการแข่งขันฟุตบอลออนไลน์
วันนี้ล่าสุดฟุตบอล
ดูบอลสด
ดูบอลสดดูบอลออนไลน์
กษัตริย์สปอร์ต
เว็บข่าวกีฬา
ข่าวกีฬา ข่าวฟุตบอล
ดูบอลสด
ผล บอล ไทย 888
ฟุตบอลไทยล่าสุด
บอล วัน นี้ บ้าน ผล บอล
ผลบอลสดไทย
ผล บอล สด 888
อัปเดตข่าวบาดเจ็บ ล่าสุด
ผล บอล สด ตาราง คะแนน
ดูฟุตบอลออนไลน์
ข่าวกีฬา ผลการแข่งกัน
8xbet
ตาราง บอล สด ไทย
วิธี สมัคร บา คา ร่า มือ ถือ
ข่าวกีฬาวันนี้
ผลบอลสดวันนี้
8xbet
ข่าวกีฬาสดใหม่
Sport Live News
8xbet สล็อตออนไลน์
8xbet คาสิโนสด
meta789 สถานีข่าวกีฬาฟุตบอล
การเดิมพัน 8xbet
ผล บอล ไทย สด
8xbet
8xbet - หน้าแรกการเดิมพันออน
8xbet คาสิโนออนไลน์
ดูบอล ดูบอลสด
8xbet เข้าสู่ระบบ
8xbet คาสิโนออนไลน์
8xbet คาสิโนสดไทย
8xbet
ดูบอลสด วันนี้ HD ครบทุกคู่
ข่าวกีฬาวันนี้
8xbet คาสิโนถูกกฎหมาย
ดูบอลสดดูบอลออนไลน์
คะแนนฟุตบอล และข่าวสาร
8xbet
ดูบอลออนไลน์
ข่าวกีฬา ฟุตบอล
บอลไทย U23
ผล บอล พรีเมียร์ ลีก
TNS Thai Sport
ตก็สามารถดูบอลออนไลน์ได้ทันที.
8xbet
พนัน บอล สด
ดูบอลสดดูบอลออนไลน์
ตารางบอล
แพลตฟอร์มการเดิมพันชั้นนำของเอเชีย
ข่าวกีฬาวันนี้
เว็บไซต์รวมกีฬาและภูมิศาสตร์มนุษย์ของประเทศไทย
ฟุตบอลวันนี้ ถ่ายทอดสด
ผล บอล ไทย สด
โปรแกรม บอล ไทย u23
8xbet ออนไลน์
8xscore
ข่าวฟุตบอล
8xbet คาสิโนออนไลน์อันดับ1
วิธี สมัคร บา คา ร่า มือ ถือ
บอล สด 888
8xbet
สกายสปอร์ต
การดำเนินชีวิตที่เทคโนโลยี
ดูบอลออนไลน์ ไม่กระตุก
วิธี สมัคร บา คา ร่า มือ ถือ
สำหรับคอกีฬาอย่างคุณไม่ควรพลาด
8xbet สโมสรกีฬาออนไลน์และคาสิโน
คาสิโนออนไลน์ 8xbet
ไฮไลท์ฟุตบอลตารางบอล
ดูบอลออนไลน์ทุกลีกทั่วโลก
ผลบอลสดวันนี้
ฟุตบอลต่างประเทศ
8xbet คาสิโนออนไลน์
ดูบอลสดฟรี
ดูบอลฟรี android tv รองรับทุกระบบ
ข่าวฟุตบอลไทย
ข่าวฟุตบอลล่าสุด
8xbet เว็บคาสิโนสด
บอลไทย ตารางแข่ง
Nuru Sports Club
ดูฟุตบอลออนไลน์
8xbet เว็บบาคาร่าออนไลน์
ข่าวฟุตบอลไทยล่าสุด
วันนี้ล่าสุด
Sunshine Sports
ผลบอลพรีเมียร์ลีก
ข่าวฟุตบอลไทยล่าสุด
ดูบอลสดดูบอลออนไลน์
และกีฬาอื่นๆ
ผลบอลเมื่อคืน
8xbet เครดิต ฟรี
สารานุกรม
8xbet
ข่าวกีฬาวันนี้
ผลบอลสด
แทง บอล ขั้น ต่ํา
ผล บอล พรีเมียร์ ลีก อังกฤษ ล่าสุด ลา ลิ กา
บอลไทย
ตารางบอลล่าสุด
พรีเมียร์ลีก
ผลบอลผลบอลสด
โปรแกรม บอล
ข่าวการแข่งขันฟุตบอล
เว็บดูบอลออนไลน์ที่จะช่วยให้คุณ
8xbet คาสิโนออนไลน์
ดูทีวีออนไลน์
8xbet คาสิโนบาคาร่า
ดูบอลสด
การคาดการณ์การแข่งขันอ
ได้เครดิตฟรี 100 บ
โปรแกรม ถ่ายทอด ฟุตบอล สด
อัปเดตข่าวฟุตบอล ล่าสุด
ถ่ายทอดสดฟุตบอล
ฟุตบอลเชลซีถ่ายทอดสด
วิธีแทงบอลในเว็บ
ถ่ายทอดสดฟุตบอล
แทง บอล ออนไลน์ ยัง ไง
อัตรา แทง บอล
พนัน บอล สด
รวมข่าวฟุตบอล ผลบอล
ผลบอลสด7m888
8xbet การพนันออนไลน์
ข่าวกีฬา
ผลบอลสด
8xbet คาสิโน มีอะไรบ้าง
ฟุตบอลทีมชาติไทย
ตาราง ฟุตบอล ทุก ลีก
แทง บอล คือ อะไร
ตาราง คะแนน พรีเมียร์ ลีก
โปรแกรมถ่ายทอดสด
ดูบอลออนไลน์
ข่าวกีฬา
บอล พรีเมียร์ ลีก
คะแนน บอล สด
ผลฟุตบอล
ผลฟุตบอลไทยวันนี้
ผลบอลสดไทยทุกแมชทั่วโลก
ข่าวกีฬาออนไลน์
ไฮไลท์ฟุตบอล
Sports Around Thai
8xbet เครดิตฟรี50 แทง บอล
ไฮไลท์ฟุตบอล
สล็อตออนไลน์
กีฬาต่างประเทศ ผลบอล
เดิมพันแมนเชสเตอร์ซิตี้
ผลบอลสด888
8xbet คาสิโนออนไลน์เว็บตรง
ไฮ ไล ท์ แมน ยู ล่าสุด
ผล บอล พรีเมียร์ ลีก อังกฤษ ล่าสุด
เว็บไซต์เดิมพันกีฬาที่ดีที่สุด
ดูบอลออนไลน์
เดิมพันกับ 8xbet
วิเคราะห์บอล
8xbet
8xbet คาสิโนออนไลน์ที่ดีที่สุดในเมืองไทย คา
ข่าวกีฬาวันนี้ ล่าสุด
ดูฟุตบอลออนไลน์
ดูบอลสดไทย
8xbet สล็อตแมชชีน
พนัน บอล สด
ข่าวบอลพรีเมียร์ลีก
แม็กกี้ สปอร์ต
8xbet
ข่าวกีฬา ล่าสุด
4U Sports Thai
8xbet คาสิโนพรีเมียม
ข่าวกีฬาล่าสุด
ผลบอลสด888 บอลพรุ่งนี้
เกมสล็อต 8xbet
ดูบอลออนไลน์ทุกลีกทั่วโลก
ผล บอล สด 365
ผลบอลพรีเมียร์ลีก
8xbet คาสิโนออนไลน์
8xbet
กีฬาแห่งประเทศไทย
8xbet
ถ่ายทอดสดฟุตบอล
ข่าวกีฬาไทย 24
สล็อตออนไลน์เว็บตรงไม่ผ่านเอเย่นต์ PG SLOT99
ผล บอล สด sbobet
เว็บโป๊กเกอร์ออนไลน์ ที่ pokerthai99
ผลบอลสด
ฟุตบอลไทยวันนี้ช่องไหน
อัตรา แทง บอล วิเคราะห์บอล
รายการ บอล วัน นี้ พรีเมียร์ ลีก
ผลฟุตบอลไทยวันนี้
ถ่ายทอดสด บอลวันนี้ ช่อง
ถ่ายทอดสด บอลวันนี้ ช่อง
ทีเด็ดบอลวันนี้ 4 คู่ผลบอลสด
ตารางบอลวันนี้ ทุกลีก ภาษาไทย
ดูวิเคราะห์บอลวันนี้
ไทยลีก วันนี้ ถ่ายทอดสดไทยลีก วันนี้ ถ่ายทอดสด ช่อง ไหน
โปรแกรม พรีเมียร์ ลีก อังกฤษ ถ่ายทอด สด
เช็ค ผล บอล วัน นี้ พรีเมียร์ ลีก อังกฤษ
888 ผล บอล ผล บอล สด