Издумани Крлевизми: „Изгубена генерација? Жал за младоста!“

Објавено на 11 април, 2025 во 12:32

Нови 10 издумани Крлевизми од велешкиот афористичар Атанас Крлевски пристигнаа до редакцијата на Дума.мк. Овој петок крлевизмите „зборуваат“ на повеќе теми, затоа внимателно прочитајте ги и пронајдете го вашиот најдобар афоризам. Уживајте:

  1. И по овој пат, во пат позиција!
  2. Изгубена генерација? Жал за младоста!.
  3. Не сме во игра, но таа не е наша игра.
  4. Љубов кон парите – епидемија на третиот милениум.
  5. И во документарците има режија.
  6. Книгите тежат. Затоа, читајте!
  7. Сите добри мети се надвор од мојот домет.
  8. Преводот му е лош, ама за тоа е виновен транслаторот.
  9. Англичаните пијат чај попладне, а ние ракија уште в зори. Традиција
  10. Има излез! Само каде му е влезот?

Афористичар Атанас Крлевски

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.