Активен е пожарот на планината Мукос и кај месноста викана Кадиица во село Ораов Дол
Пожарот на планината Мукос е се уште активен како и пожарот кај месноста наречена Кадиица во село Ораов Дол кадешто гори мешана шума, додека под контрола се пожарите во село Степанци и село Оморани, информира директорот на ЦУК Стојанче Ангелов во утринската изјава.
-Во моментов само вработените во Национални шуми Подружница Бабуна се на терен и се справуваат со пожарот. Сооглед на актуелната состојба со големиот пожар во Прилепско-Мариовско, сите сили и ресурси се насочени кон помош и подршка во гаснењето на истиот, соопштија од ЦУК.
Според Ангелов сезоната на пожари е далеку од завршена и истите ќе продолжат, доколку не паднат силни дождови, се до месец ноември. Затоа, се апелира до сите граѓани да бидат исклучително внимателни и доколку забележат некој што се обидува да подметне пожар или веќе подметнал истото да го пријават на бројот 112 или во најблиската полициска станица.
Стефани Манева