Без вода пет улици во Велес
Објавено на 3 октомври, 2022 во 09:53
Јавното комунално претпријатие „Дервен“ соопшти дека во текот на денешниот ден, пет улици во Велес, ќе бидат без вода. Поточно, поради неопходни работни активности за отстранување на дефект на водовона линија, прекин на водоснабдувањето ќе има на улица Роса Плавева, Славко Ѓоргиев Сватот, потоа Грозда Кочова, Белградска и Димитрија Чуповски.
Работниците на ЈКП „Дервен“ работат на отстранување на дефектот и прекинот на водоснабдувањето ќе трае се до завршување на работите.
Стефани Манева