Богата музичка програма за чествувањето на Свети Трифун во Велес
Објавено на 9 февруари, 2024 во 12:52
Првото заедничко чествување на Свети Трифун, заштитникот на лозјата и виното, во Младински парк Велес, локалната самоуправа одлучи да помине со богата програма. Велешки винарии како и повеќе музички бендови од градот ќе бидат задолжени за целосно уживање.
-Ќе уживаме во добри вина од локалните винарии Шато Сопот, Old School, Тристо и Wine Gallery, а за вкусната храна ќе се погрижи Гостилница Снупи. За комплетно уживање со музика ќе не забавуваат Отсекот за традициски инструменти при ООМУ “Стефан Гајдов”, Стакато Бенд, Тони Андреев, Harmony Band и Мими Јовановска заедно со бендот на браќа Нуне, пишува градоначалникот на Општина Велес Марко колев.
Програмата во Младински парк во среда, на 14 февруари ќе започне во 12 часот.
Стефани Манева