Маж повреден во сообраќајка кај Јасеново!

Објавено на 16 јуни, 2013 во 12:02

Шеесет и четири годишниот Б.А од Велес се здобил со скршеница на надколеница во сообраќајната несреќа што рано утрово, околу 5 часот и 50 минути, се случила на локалниот пат село Извор – Јасеново.

Повредениот бил пренесен во велешката болница каде му била укажана лекарска помош на хирушкото одделение.

Тој се возел на моторцикал со велешка регистерска табличка управуван од С.Д (30) од Велес кое се судрило со товарно моторно возило Тамче со прилепска регистрација. Комбето го управувал Џ.Т (53) од Прилеп.

 

Увид на местото на несреќата направи полицијата за која се утврдуваат причините, рече  портпаролот Ненко Александров./Б.Н

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.