Се удави дете во Бањичка река
Трагедијата се случи вчера , 08 март 2020 година, кога исчезна деветгодишно девојче од село Бањица, Општина Чашка.
Ешуриме Беќирова исчезнала од домот околу 9 часот. Кога родителите откриле дека детето го нема пријавиле во полициската станица во Чашка и се организирала потрага. Полицијата и мештаните ја пребарале околината додека нуркачи биле ангажирани да го пребараат коритото на малата река со надојдена вода. Утрово, 9 март, околу 7 часот, телото на удавеното девојче било пронајдено и извадено од речното корито. Се претпоставува дека детето се лизнало и паднало.
Увид направи екипа на СВР Велес. Резултатите ќе треба да ги откријат причините за смртта на Ешуриме.
Градоначалникот на Општина Чашка, Горан Стојановски на својот фејсбук профил утрово напиша:
„После вчерашното исчезнување во с.Бањица околу 09 часот на малата десетгодишна Ешуриме Беќирова во надојдените матни води на мала река и вчерашното целодневно напорно пребарување, утрово е пронајдена под селото.
Голема загуба за граѓаните на општина Чашка,училиштето Тодор Јанев во нас.Чашка ,семејството Беќирови и сите нас.
Сочуство до семејството.“
По наредба на Јавен обвинител телото е предено на семејството./У.Ј