Д-р Чолакова Дервишова: Во Ковид центрите не можат да волонтираат матичните лекари
Здружението и укажува на Комисијата за заразни болести дека матичните лекари не ќе можат да одговорат на потребите од волонтирање во петте Ковид центри што наскоро ќе се отворат во Скопје. За претседателката д-р Лилија Чолакова Дервишова сериозно е прашањето на ангажман на матичните лекари во ковид центрите затоа што ќе им создаде проблеми во работата на нивните приватни здравствени организации, поточно амбуланти, и ќе се одрази на квалитетот на здравствените услуги на нивните пациенти.
-Тоа што го кажа Комисијата за заразни болести ние го поддржуваме, но нашата грижа и грижата на нашите пациенти е кога матичен лекар од Скопје би отишол да работи во Ковид центар ќе нема кој да ги опслужи пациентите а тоа е голема бројка. Се соочуваме со реализација на коцептот електронско здравство во коешто пациентот вели: „Јас сум во аптека, пуштете ми рецепт„, „Јас чекам резултати да ги испечатите“ а тоа е извештај од Комисија којшто фондот ни ги праќа електронски. Огромна е административната обврска на матичните лекари и имаат потреба да се постојано во амбуланта. Ние тоа го кажуваме со години, дека цел ден имаме побарување од нашите пациенти и се трудиме максимално да ги опслужиме. Затоа реакциите на матичните доктори во време кога немаме големи бројки на инфицирани пациенти со Ковид-19 и тешки клинички слики, додаде Чолакова Дервишова.
Од здружението сметаат дека наместо матичните лекари во Ковид центрите треба да бидат волонтерски ангажирани доктори и средно стручен персонал од здравствените домови поточно од службите за школска медицина, за вакцинација, за превентива како и млади специјализанти.
-Препораката наша е да се искористат ресурсите на Здравствените домови, значи таму има превентивни одделенија, школски, специјализанти и делови за вакцинација. Млади лекари нека се вработат. Ние никогаш не бегаме од работа но и од нашите колеги има со тешки хронични заболувања и си ја работат работата. Внимателно ја замолуваме комисијата за заразни болести и министерот за здравство да внимаваат кого и како ќе се ангажираат во Ковид центрите, додаде Чолакова Дервишова.
Укажувањето на здружението на матични лекари следи откако на последниот состанок на Комисијата за заразни болести била анализирана состојбата со зголемените бројки на заразени граѓани со Ковид-19 и било разговарано за отварање и екипирање на првите пет ковид центри во државата коишто ќе бидат отворени во Скопје.
Убавка Јаневска