Хидросистемот Корешница-Бистренци наводнувал половично!

Објавено на 25 декември, 2012 во 15:31

Демиркаписките земјоделци земале вода од Вардар и наводнувале.

Наместо да ги наводнува планираните 200 хектари годинава од  хидросистемот  Корешница-Бистренци се полеваа само 130 хектари земјоделско земјиште со пролетни култури во општина Демир Капија.

Од управата на хидросистемот информираа дека истиот не бил доволно искористен од причина што некои од земјоделците, своите обработливи површини, ги наводнувале со моторни пумпи поставени во реката Вардар со што индиректно избегнувале да платат воден надоместок.

Од хидорсистемот за услугата наводнување за еден декар со винова лоза  наплатуваат по 1000 денари додека за градинарски култури 1450 денари.

Според информациите од водната заедница Корешница – Бистренци годинава земјоделците од месец мај па се до крајот на октомври наводнувале 55 хектари со винова лоза, 10 хектари индустриски пиперки, 10 хектари тутун и останати  површини засадени со пченка, грав, бостан, компир, детелина и други земјоделски производи.

Во моментов се врши чистење на каналската водоводна мрежа, поправка на поставените лимени врати и се наплаќа извршената услуга. Досега наплатата изнесува околу 50 насто. Од Водната заедница се категорични дека оние земјоделци кои нема  да го платат водниот надоместок ,идната  година нема да добијат вода за наводнување.

На сето ова земјоделците одговорија дека сеуште не ги добиле парите од продаденото грозје па затоа не можеле да си ги подмират трошоците за полевање на лозјата.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.