По девет дена жед, Клисурско маало во Демир Капија, доби вода за пиење!
Жителите на Клисурско маало во Демир Капија конечно добија вода за пиење.
По девет дена отстранет е дефектот на градскиот водовод кој го предизвика големиот водостој на реката Бошавица.
Големите количини на надојдена вода,ги секна чешмите на Демиркапијаци на 26 февруари во ноќните часови, кога беше оштетен цефководот на градскиот водовод.
Во овој дел на градот цефководот поминува под површината на реката Бошавица, во непосредна близина на бетонскиот мост. Тоа беше причина граѓаните кои живеат од десната страна на реката без вода за пиење да останат девет дена.
Толку време немаше вода и Специјалниот завод во Демир Капија.
Изминатите денови никој од жителите не сакаше да коментира за жедта со која се соочија.
Сите велеа дека знаат оти водоводот е стар над 40 години и ова бил прв случај да останат без вода за пиење.
Тие и денеска кусо одговараа дека вода полнеле од најблиските соседи бидејќи во останатите делови на градот имало вода а чешмите секнале само во нивното маало.
Дел од нив на жетта гледаа како последица која ја предизвикала „виша сила“ и немало да се повтори откако проблемот бил саниран со поставено пластично црево во должина од 600 метри.
Него времено ќе го користеле бидејќи во месец мај ќе започнела изградба на крак и нов цевковод, кој ќе минел под коритото на реката Бошавица, како гаранција дека нема да се повтори ситуацијата од деновиве кога оштетувањето на цефководот го предизвикале обилните врнежи и топење на снегот./Б.Н.Т