Во демиркапијско во полн ек е бербата на винско гројзе
Тропските горештини го забрзаа зреењето на винското грозје во демиркапијско. Овде во полн ек е бербата и откупот на висококвалитетните сорти на винско грозје.
За да го зачуваат родот и квалитетот лозарите чии лозови насади се под систем за наводнување беа принудени да наводнуваат и повеќе од три пати бидејќи сушата беше голема закана. Лозјата за кои не постои можност за наводнување веќе се со преполовен род, а има лозари кои се жалат дека поради сушата го загубиле целиот род.
Организиран откуп на винско грозје засега врши само еден откупен пункт. Директорот на „Агро Капија“, Ристо Костадинов рече дека за потребите на винарската визба Имако Вино од Штип планира да откупи околу два милиони килограми од сите вински сорти. Во моментов се откупува шардоне по цена од 16 денари за килограм, совињон бланк по 16 денари и вранец по 13 денари за килограм. Исплатата на висококвалитетните сорти ќе се извршува осум дена по откупот.