Странски новинари и тур оператори се запознаа со убавините на Тиквешијата
Во рамки на прекуграничната соработка помеѓу оптшина Демир Капија и општина Флорина од Грција по проектот ЦЕНЕТ, група странски новинари и туроператори беа во посета на Демир Капија, во рамките на проектот ЦЕНЕТ.
Општините Флорина и Демир Капија располагаат со огромни природни богатства кои заслужуваат да бидат видени од туристите. Во рамките на посетата на Македонија странските гости имаа можност да ги видат винарските визби „Еленов“, „Тиквеш“ и „Стоби“ и да се запознаат со процесот на производство на вино како и да дегустираат од квалитетните вина кои се произведуваат во овие винарии.
Се работи за проект финансиран од Европската Унија со над 300 илјади евра и во чии рамки се гради центар за едукација и вмрежување во туризмот во Демир Капија и е единствен од ваков вид во поширокиот регион. Целта на посетата беше да се запознаат со туристичките потенцијали на Демир Капија, а исто така и целиот Тиквешки регион.