Демир Капија и Флорина од Грција ги анализираа ефектите заедничкиот проект
Во Демир Капија се одржа петтиот кординативен состанок од проектот ЦЕНЕТ- проект финансиран од ИПА Програмата за меѓугранична соработка на Европската Унија на кој се анализираа резултатите од проектот.
Покрај претставниците на општината, на состанокот присуствуваа и партнерите од Стопанската Комора на Флорина, Република Грција.
„Чест и задоволство ми што денес сме присутни на еден вако настан, завршувањето на проектот Ценет. Горд сум што реализиравме еден ваков проект кој ќе придонесе како за развој на општина Демир Капија во Република Македонија така и за развој на Флорина во Република Грција“, рече градоначалникот на Демир Капија,Трајче Димитриев.
Тој нагласи дека Демир Капија заедно со својата партнерска општина од Грција имаат заложба да го развиваат алтернативниот туризам, а на тој начин да ги промовираат културните вредности и да ги обединат трите клучни фактори, јавниот , приватниот и граѓанскиот сектор од повеќе држави, а на тој начин да ги развиваат економиите./А.Д