Изгоре плевна во Демир Капија, спасени околните куќи
Објавено на 5 ноември, 2013 во 17:29
Во пожар настрада плевната на Драги Божинов од Демир Капија, а благодарение на брзата интервенција на пожарникарите беше спречено од пламените јазици да настрада и неговата куќа која е во непосредна близина на опожарениот помошен објект.
При гасаењето на пожарот најпрво се ангажирале соседите, а потоа пристигнала и цистерната на Доброволното противпожарно друштво од Демир Капија.
„Плевната изгоре до темел, но куќата е зачувана. Беше спречено огнената стихија да ги зафати и соседните куќи, бидејќи дуваше ветер“ рече Божинов.
Пожарот причинил материјална штета. Изгореле слама , сува трева и околу седум метри просторни огревно дрво и буриња.