Машки труд пронајден во близина на Демир Капија
Објавено: 8 ноември, 2013, во 12:42 часот
Во близина на Демир Капија вчера покрај банкината од автопатот Скопје – Гевгелија бил пронајден машки труп, соопштува Министерството за внатрешни работи.
Синоќа околу 23 часот случаен минувач забележал маж како лежи покрај банкината од патот. Полицијата утврдила дека станува збор за машко лице на возраст од околу 60 години.
Телото на починатиот е предадено на обдукција со цел да се утврдат причините за неговата смрт, а полицијата работи на расчистување на овој случај.
